| четврток, 6 декември 2018 |

Полнета охридска пастрмка

По хри­сти­јан­ски­от праз­ник Проч­ка поч­ну­ва­ат ве­лиг­ден­ски­те по­сти, кои тра­ат се­дум не­де­ли и во кои се из­бег­ну­ва да се ја­де мрс­на хра­на. Мал­ку­ми­на се тие што ќе го исте­ра­ат це­ли­от пост, за­тоа и си пра­ват план за ис­хра­на во те­кот на де­нот. Оваа, пр­ва не­де­ла по Проч­ка е строг пост или уште се ви­ка и не­де­ла на пра­вос­ла­ви­е­то. Но, не е важ­но да­ли се­дум де­на или се­дум не­де­ли ќе се оби­де­те да го кон­тро­ли­ра­те вне­су­ва­ње­то мрс­на хра­на  во ор­га­низ­мот. По­важ­но е да ги кон­тро­ли­ра­те мис­ли­те, да не мис­ли­те греш­но, да не по­са­ку­ва­те не­ко­му ло­шо. Тоа е и су­шти­на­та на по­стот. Да се ис­чи­сти­те те­лес­но и да го про­чи­сти­те ду­хот од си­те зли мис­ли.

pastrmka

Во овој број ви пред­ла­га­ме пол­не­та охрид­ска па­стрм­ка. Овој ре­цепт мо­же да го на­пра­ви­те и со ма­вров­ска или вру­точ­ка па­стрм­ка, не­ма да згре­ши­те. Си­те три спо­ме­на­ти ри­би се вкус­ни, а за­јре­то со кое се пол­ни ри­ба­та ѝ да­ва по­се­бен шмек. Важ­но е са­мо да би­де ри­ба­та та­зе и глав­на­та ко­ска лес­но да се из­ва­ди за да мо­же по­тоа да се на­пол­ни ри­ба­та.

Ва­ка пол­не­та­та ри­ба во­о­би­ча­е­но со ја­де со ком­пир-са­ла­та или со ком­пир со зел­је ка­ко при­лог.

Со­стој­ки:

Ед­на па­стрм­ка те­шка еден ки­ло­грам

250 гра­ма кро­мид

До­ма­ти

Црн пи­пер, цр­вен пи­пер

Еден вр­зоп исеч­кан маг­до­нос

Мас­ло

2 ли­мо­на

Под­го­то­вка:

Па­стрм­ка­та се мие уба­во, се чи­сти од луш­пи­те и це­ла­та се ста­ва на пло­ча или на ска­ра да се ис­пе­че. При пе­че­ње­то се пре­ле­ва со мас­ло за ја­де­ње. Ко­га е пе­че­на, се ста­ва на шти­ца, се се­че ед­на­та стра­на по дол­жи­на од гла­ва­та кон опа­шка­та и по­тоа ри­ба­та се отво­ра. Се ва­ди ’рбет­на­та ко­ска и се чи­сти од­на­тре. По­тоа се по­со­лу­ва, се по­си­пу­ва со црн пи­пер, се пре­ле­ва со сок од ли­мон и се пол­ни со сме­са од пр­жен ком­пир со до­ма­ти, црн пи­пер, цр­вен пи­пер, исеч­кан маг­до­нос и сол.

Ко­га е на­пол­не­та, па­стрм­ка­та се за­тва­ра и се до­ве­ду­ва во пр­во­бит­на­та по­лож­ба. Се сер­ви­ра во долг­на­ве­ста чи­ни­ја, та­ка што исе­че­на­та стра­на да би­де оз­до­ла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top