Германскиот таблиод „Билд“ денеска пишува дека кризата во Грција, која за помошта од 86 милијарди евра мора да спроведе жестоки реформи, покрај приватизацијата на државниот имот и богатите грчки семејства ги принудила да ги стават на продажба малите островчиња, чиишто сопственици се стотици години.
Според податоците на националната туристичка организација ГНТО, на Грција ѝ припаѓаат околу 6.000 острови и островчиња. Само 227 се населени, а 500 се приватна сопственост на концерни, семејства, инвеститори… па затоа нивната цена е висока. Едно од овие островчиња, на пример, може да се купи за 1,6 милион евра…, пишува „Билд“ и наведува дека на интернет може да се најде понуда, на пример, за „http://www.vladi-private-islands.de/en/island+buy+st-athanasios-island+greece+europe-mediterranean-sea/ Св. Атанасиос, каде што на 10.000 квадратни метри на купувачите им се нуди брегот и единствениот поглед.
Еден мал грчки остров неодамна за 15 милиони евра замина во рацете на еден голем американски инвеститор, а и холивудската ѕвезда Џони Деп, наводно, пред неколку дена купила еден мал остров во Егејско Море за што платила 4,2 милиони евра…, ги пренесува таблиодот написите во грчките медиуми.
Од појавувањето на финансиската криза во Грција долга е листата на островчиња што се продаваат, а моментот за инвеститорите е поволен бидејќи паѓаат цените на недвижниот имот во Грција, наведува „Билд“ и укажува дека профитери се специјализирани продавачи на луксузни недвижнини, кои сега на своите клиенти од цел свет им нудат домицил (престојувалиште) како од соништата.
– Банкротот мора сѐ што има вредност да го претвори во пари… Грција има згради, фирми и ненаселени острови, што може да биде мобилизирано за решавање на долговите…, пред пет години токму за „Билд“ изјави Јозеф Шларман, политичар од редовите на Христијанско-демократската унија на премиерката Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција