По наредба од судија на претходна постапка од ОС-Гостивар полициски службеници од ПС-Гостивар вчера извршиле претрес во дом и помошни простори на 34 годишниот гостиварец Д.С.
При извршениот претрес во куќата, поточно во купатилото на првиот кат била пронајдена една сакасија со растителна тревкаста материја, сместена во шкаф кој служел за сушење на истата. Во дворот од куќата биле пронајдени вкупно 11 единаесет стебла од растението канабис сатива.
Истите се подигнати од страна на екипа од крим-техника и се одземени со потврда за привремено одземни предмети.
Д.С. е лишен од слобода и приведен во полициската станица во Гостивар. По целосно документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.