| четврток, 6 декември 2018 |

Кога престанува да расте и кога почнува да старее пенисот?

od bebe do starec

Пенисот, како и останатите делови од телото, со годините старее и има свој животен циклус, а научниците објаснуваат што точно се случува со машкиот полов орган кога е во прашање неговата големина, изглед и сексуална функција со текот на годините.

Ефикасност

Нивото на тестостерони, машки полови хормони, имаат тенденција на опаѓање по 40-тата година од животот, а нивото на тестостерони годишно опаѓа со стапка од 0,3 проценти. Ниското ниво на овие хормони влијае како на општото сексуално однесување и апетит, така и на самата ефикасност на пенисот. Освен тоа, со текот на годините се јавуваат и проблеми во репродуктивното и полово здравје кај мажите.

Со стареењето, на мажите им треба повеќе време сексуално да се возбудат и да постигнат ерекција. Освен тоа им треба повеќе време и да доживеат оргазам и да постигнат подолга ерекција. Како и кај другите делови од телото, мускулите во пенисот се склони на опуштање, а тоа ја отежнува ерекцијата. Квалитетот на спермата и волуменот на семето опаѓаат со годините, а во постарите години мажите неретко страдаат и од импотенција.

Големина

Просечно машко новороденче има пенис со должина од 4 сантиметри. Пенисот не расте се до петтата гопдина, а промените во големината се многу мали се до пубертетот.Отприлика пет години по почетокот на пубертетот, обично на возраст од 17 до 22 години, кај повеќето мажи пенисот ја достигнува предвидената големина и со излезот од пубертетот, како и остатокот од телото, престанува да расте.

Постојат два начини на кои пенисот се намалува со годините. Поголемиот број мажи со текот на годините се дебелеат, а како што мастите се акумулираат во долниот дел на стомакот, поради испапчениот стомак многу често изгледа помал и пократок. Во овој случај очигледно, решението е диета.

Но, факт е дека дебелината и големината може многу да се намалат со текот на годините. Иако тие промени не се драматични, сепак, се видливи. Ако пенисот во 30-тата година е долг 15см, до 60 и 70 година може да се скрати на 12 см.

Изглед

Како резултат на намалениот проток на крв во текот на годините, главата на пенисот постепено ја губи бледорозовата боја, што доаѓа заедно со губење на срамните влакна. Поради нерамномерно групирање на ткивата кај некои мажи доаѓа до искривување на пенисот. Позната под името Пејрониева болест најчесто се јавува во средните години. Може да предизвика болни ерекции и отежнат сексуален однос, а состојбата може да бара и операција.

Чувствителност

Научни истражувања потврдија дека со текот на годините пенисот ја губи чувствителноста, а тоа го објаснува и фактот дека со текот на годините мажите потешко постигнуваат ерекција и доживуваат оргазам.

Тестиси

Тестисите се намалуваат по 40-тата година. Додека теститисте кај 30-годишниците може да бидат со радиус од 3 сантиметри, кај 60-годишниците на пример може да изнесуваат едвај два см.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top