| четврток, 6 декември 2018 |

„Нашиот клас“ вечерва на „Скопско лето“

Театарска претстава „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓањек, во режија на Ханан Снир, ќе биде изведена вечерва, 21-ви јули во Македонскиот народен театар, во рамки на „Скопско лето 2015“.

nashiot-klas

Нашиот клас“ се занимава со комплицираните врски помеѓу Полјаците и Евреите за време на Втората светска војна.

Претставата е локална и универзална, приказна која всушност се случува во селото Једвабне во Источна Полска. Десет деца, еден клас, фрагменти од нивниот живот, растејќи во ова мало полско село. Љубов и убиство, спомени и заборав, силување и сочувство, се мешаат во изразито драматичниот свет.

Иако претставата е базирана на локалниот погром, таа носи универзална порака за секое општество што не ги прифаќа другите, каде што децата растат во опкружување на нетолеранција, расизам и предрасуди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top