| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија не прифаќа повеќе од 1.300 емигранти

immigration.jpg_1718483346Шпанија го одби предлогот на Европската комисија да прифати 4.300 емигранти, кои влегле во Италија и во Грција и изразила подготвеност да прими само 1.300. Шпанија е една од водечките земји што се противат на планот за распределба на емигранти. Поради тоа, најверојатно, тие бегалци ќе бидат префрлени во Хрватска и во Естонија.

Министерот за внатрешни работи на Шпанија Фернандез Диаз истакнал дека Шпанија е „радикално против“ решението на ЕК затоа што тоа „не е само недоволно добро, туку е и лошо“.

– Тоа е како да имаме куќа каде што капе на многу места, па во некои простории има поплава. И место да ги затнеме местата каде што капе, ние распределуваме вода низ различни простории – рекол министерот. Шпанија, исто така, се соочува со голем бран емигранти од соседно Мароко, од северот на Африка.

– Оваа програма ќе доведе до ефект на повикување – нагласува Диаз. Многу емигранти го ризикуваат животот во мали гумени чамци обидувајќи се да го преминат теснецот што ги дели двата континента. На најјужниот дел меѓу Шпанија и Мароко во раздалеченост од само 14 километри.

Во Шпанија годинава влегле 1.230 емигранти, додека во Грција стигнале 68.000, во Италија 67.500, а информацијата е од ОН.
Хрватска во вчера прифатила да прими 550 бегалци, место првично предвидените 505.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top