Контролата на капиталот што го воведоа властите во Грција тешко ги погоди фирмите во таа земја, од кои речиси четвртина сакаат да ги преселат своите седишта во странство, покажува анкетата на непрофитната организација за поддршка на претпријатијата „Ендевор Грис“.
Во анкетата спроведена на 300 претприемачи, 58 проценти навеле дека ограничувањето на прекуграничните трансакции значително влијаело на нивното работење.
– Многу компании не можат да увезат сировини или да пристапат до услугите и инфраструктурата во странство, наведува организацијата, додавајќи дека 23 отсто од анкетираните планираат да ги преселат своите седишта во странство поради поголема безбедност, стабилност и слободен тек на парите.
Повеќе од две третини од компаниите, 69 проценти, забележило значителен пад на приходите, а 11 отсто морале да го намалат или прекинат производството поради недостаток на сировини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција