| четврток, 6 декември 2018 |

Огнот сѐ уште беснее кај Велес, надлежните го локализираат (ФОТО)

11756465_10204621774445454_1667715536_n

Сликано во 22 часот

Противпожарната единица (ППЕ) од Велес вечерва околу 20.30 часот го локализираше големиот пожар, кој попладнево избувна над автопатот Велес-Скопје, пред првата патарината, велат надлежните.
Според првичните информации од ППЕ од Велес со пожарот била зафатена голема површина од 250 хектари,  од кои 50 хектари шума со бор и чемпрес и 200 хектари сува трева и други нискостеблести растенија.
Екипите на ППЕ од Велес се вратија на терен каде вечерва ќе дежураат вработени од ЈПШС Подружница  „Бабуна“ од Велес поради претпазливост пожарот повторно да не се прошири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top