Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од подрачните одделенија за заштита и спасување информира дека во Македонија се активни три и изгаснати четири пожари.
Активен е пожарот во Охрид на периферијата на градот кај трафостаницата 110, во надлежност на НП ,,Галичица” под далновод каде избувнале два пожари. Едниот е од подножјето на планината, а другиот е погоре. Опожарена е сува трева, смрека.
На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица од ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга.
Во моментот, како што информираат од Дирекцијата, пожарот е локализиран, но не е изгаснат и ангажираните остануваат на терен. Се очекува во текот на ноќта пожарот да биде целосно изгаснат. На територија на општина Велес е активен пожарот кој бил забележан попладнето во околината на село Отовица. Опожарени се 30 хектари површина пасишта и нискостеблеста шума. На терен се ангажирани ТППЕ Велес со 3 возила со 10 пожарникари, Македонски Шуми со 20 лица. Гасењето на пожарот е во завршна фаза, и се очекува во наредните часови да биде целосно изгаснат. Во реонот на општина Ранковце има избиено пожар, кој се уште е активен, на локацијата во село Гулинце. Гори нискостеблеста шума и висока трева. Пожарот е на границата со општина Куманово. Според најновите информации од ПОЗС Крива Паланка и ПОЗС Куманово на терен се ангажирани 3 пожарникари од ТППЕ Ранковце, 4 пожарникари и 1 возило од ТППЕ Старо Нагоричане, 5 лица од општина Ранковце, 5 лица од Македонски Шуми.
Целосно е изгаснат пожарот во кој изби на пладне на отворен простор во атарот на селото Кундино на м.в. „Кундинска барака“. Од пожарот е зафатена површина од околу 2,5 хектари од кои околу 2 хектари со сува трева и ситни грмушки и околу 0,5 хектари млади пошумени борови садници. Од страна на ТППЕПробиштип е интервенирано со 1 теренско возило и 2 ца пожарникари. Пожарот во целост е изгаснат во еден час откако бил регистриран.
Изгаснат е и пожар кој избил на територија на општина Ресен во текот на минатата ноќ во атарот на селото Царев Двор на нива со жито на површина од 1 хектар. Пожарот бил целосно изгаснат во 2 часот по полноќ. Во гаснењето на пожарот учествувале 6 пожарникари со 2 ППВ.
На потегот на с. Делогожда се појавил пожар на отворен простор, кој во текот на денот е локализиран и целосно изгаснат. ТПП интервенирала на гасење на пожар на запалена трева во населба Баир со едно ПП возило и два пожарникари од 13,00 до 13,45 часот и пожарот е изгаснат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Уште една оставка во Грција поради пожарите
-
По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада



