Пожарот на подрачјето Смоквица на хрватскиот остров Корчула денеска попладне повторно ги изненади пожарникарите, откако вчера беше времено локализиран, изјави шефот на противпожарната служба на Дубровачко-неретванската жупанија, Стјепан Симовиќ.
– Пожарот се прошири денеска и ситуацијата е многу лоша. На помош пристигнуваат канадери – истакна Симовиќ.
Тој нагласи дека огнената стихија моментно не претставува закана за куќите, но постои можност за тоа зависно од ветрот и временските услови. Најголемата борба со огнот моментно е за спасување на делот кон местото Брно.
Пожарот во Смоквица на Корчула избувна во саботата доцна попладне, а до синоќа изгореа повеќе од 500 хектари борова шума.
На терен се ангажирани повеќе од 100 пожарникари, како и канадери на Вооружените сили на Хрватска .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.