Советот за безбедност на ОН денеска едногласно го одобри Договорот за иранската нуклеарна програма, што го постигнаа Иран и шесте светски сили.
Кка што јави ДПА, одбрувањето на Договорот од страна на Советот за безбедност на ОН претставува прв чекор кон укинување на меѓународните економски санкции кон Иран.
Со Резолуцијата што ја усвои Советот се превидува етапно укинување на санкциите, кои опфаќаат и забрана за патување во странство на ирански официјални претставници и замрзнување на сметките на Техеран.
Процесот на олеснување на режимот на санкции кон Иран треба да стапи во сила во рок од 90 дена, откако Меѓународната агенција за атомска енергија до Советот ќе достави извештај за иранскиот напредок во исполнувањето на обврските од Договорот.
Доколку некоја од страните учесници во Договорот – Велика Британија, Германија, Кина, Русија, САД, Франција или ЕУ, изрази мислење дека Иран не ги почитува обврските, Советот за безбедност во рок од 30 дена ќе треба да се изјасни дали ќе ја потврди одлуката за укинување на санкциите. Доколку Советот не го потврди укинувањето, санкциите по истекот на рокот, повторно ќе стапат во сила, се наведува во Резолуцијата.
Во документот се прецизира дека доколку Иран целосно го почитува Договорот, сите санкции воведени кон него ќе бидат укинати по десет години.
Претходно денеска и ЕУ го одобри нуклеарниот договор со Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим



