| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан настапот на „2 Cellos“ на „Охридско лето“

Продукција „Пасворд“ и „Охридско лето“ известија дека концертот на хрватското дуо „2 Cellos“, кој требаше да се одржи во дополнителната програма нa фестивалот, на 8.8.2015 година, поради приватна причина се откажува, односно ќе се презакаже во нов термин. Членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување.

Од продукцијата „Пасворд“ информираат дека  купените билети може да се вратат од среда, 22.7.2015 г. на продажното место Југотон во ГТЦ.

На сите што купиле билети онлајн, парите ќе им бидат вратени на нивната сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top