Во базенот во куќата на холивудската актерка Деми Мур во Лос Анџелес вчера е пронајдено тело на 21 годишно момче. Според ТМЗ (TMZ), полицијата информирала дека причината за смртта е давење, а момчето починало во саботата вечерта.
ТMЗ објави дека вечерта помеѓу сабота и недела, имало забава во домот на Мур. Деми Мур не била дома во моментот кога се случил настанот. Телото било пронајдено утрото.
Се претпоставува дека во отсуство на актерката, нејзиниот агент приредил забава, на која бил поканет и починатиот чиј идентитет засега не е објавен.
Според изворот на ТМЗ станува збор 21-годишно момче кое не знаело да плива и според сé судејќи, се лизнал во базенот и потонал.
Актерката е се уште во шок од ваквата несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.