Денес експертите воглавно советуваат луѓето да не влегуваат многу млади во брак, а на тоа во прилог одат и податоците за бројот на разведени меѓу оние кои се венчале пред да наполнат 20.
Меѓутоа, новата студија која била спроведена на Универзитетот во Јута покажува дека не треба долго да се чека, затоа што ризикот од развод повторно расте за оние кои се венчаваат во триесетата година од животот.
Најдобро време за брак е периодот помаѓу 27. и 29. години. Од 32. години ризикот за развод расте по пет отсто секоја година.
-Личностите кои се венчаат на почетокот на својата триесетта година од животот почесто се разведуваат за разлика од оние кои се венчале во текот на дваесеттите години, изјавува социлогот Николас Волфингер.
Постојат повеќе теории зошто се случува тоа, но една од веројатните е причини е тоа дека луѓето во тој период од животот се венчаат само затоа што имаат чувство дека ги исцрпиле сите други опции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.