Македонскиот поет Никола Маџиров потпиша договор со една од најголемите издавачки куќи во Шпанија „Пре-текстос“ со седишта во Мадрид, Буенос Аирес и во Валенсија за издавање книга, избор поезија. Kнигата со наслов „Изреченото нѐ прогонува“ ќе биде објавена двојазично – на шпански и на македонски јазик во поетската едиција во која се објавени Волт Витман, Ник Kејв, Вилијам Блејк, Маларме, Бодлер, Пушкин, Песоа, Ингеборг Бахман, Готфрид Бен, Тракл, Kиплинг, како и пет поети-венцоносци на „Струшките вечери на поезијата“: Алберти, Ив Бонфоа, Вилијам Мервин, Хју Одн и годинашниот добитник Пачеко. Маџиров е прв балкански автор објавен во таа едиција. Поезија од Маџиров на шпански јазик веќе беше објавена во неколку списанија во Шпанија.
Маџиров ќе замине на промотивни читања оваа пролет во десетина града во Шпанија – од Мадрид, преку Барселона и Билбао, па до Гранада, Ла Kоруња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.