Mегалитската опсерваторија Kокино годинава нема да биде номинирана за дел од светското културно наследство на УНЕСKО, пишува „Дневник“.
Светската организација за образование, наука и за култура при Обединетите нации деновиве го упати последниот повик за пријавување на локалитетите од целиот свет, а рокот истекува на 31 март. Македонија решила годинава да се посвети на доконзервација и на инфраструктурно уредување на локалитетот, кој, најверојатно, ќе биде номиниран в година.
– Предметот за Kокино сѐ уште е во процедура. Треба да се дополни досието. Затоа Kокино е ставено во капиталните проекти годинава. Се надевам дека на домашен терен ќе се направат работите, да се подготви добро досие за да може в година да биде номиниран – вели Лидија Топузовска, генерална секретарка на Националната комисија на УНЕСKО.
Kокино лани беше на листата номинирани локалитети, но нашата земја во последен момент ја повлече кандидатурата поради неповолниот извештај на Меѓународниот комитет за споменици и за локалитети (ИKОМОС), чијшто тим го евалуираше локалитетот. Надлежните решија дека е подобро да се повлечат отколку да ризикуваат бидејќи, според пропозициите на УНЕСKО, ако некој предлог е одбиен, државата го губи правото повторно да го номинира локалитетот на листата за светско наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Чорапи и пешкири распослани на Кокино: Поради лесноверност почнаа да го сметаат за лекувалиште
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“