Џокар Царнаев, кој е осуден на смрт поради нападот на маратонот во Бостон е префрлен во најсигурниот американски затвор АДХ Флоренс Супермакс, соопштија од американскиот оддел за правда.
Царнаев досега бил во затворот УПС во Фиренца.
АДХ Флоренс е дом на криминалците како Рамзи Јусуф кој планираше напад на Светскиот трговски ценар во 1993 година.
Царнаев, поранешен студент е осуден на смрт поради бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година во кој загинаа три лица, меѓу кои и едно осумгодишно дете. Беа повредени 260 лица, а убиен и еден полициски службеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.