По ноќта во која минималната температура не „падна“ под 20°С во Скопје, Виница и Демир Капија, нé очекува уште еден топол. тропски ден. Ќе биде сончево, а ветер речиси и ќе нема. Во вечерните часови во околината на Шар Планина е можна краткотрајна појава на врнежи, објави „Метеопро“.
Денеска се очекува жежок, но сепак типичен, летен ден. Температурата ќе достигне вредности околу 38°С во повардарскиот и југоисточниот регион, околу 35°С во Пелагониската котлинаи околу 32°С во охридско-преспанскиот крај.УВ индекс: 9, а покрај езерата и на планините 10.
Остануваат оние типични препораки да не се излегува подолго на отворено помеѓу 10 и 17 часот и да се конзумираат што повеќе течности.
Остануваат оние типични препораки да не се излегува подолго на отворено помеѓу 10 и 17 часот и да се конзумираат што повеќе течности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.