Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Бастијан Швајнштајгер даде изјава со која сигурно ќе предизвика негативни реакции кај навивачите на неговиот поранешен клуб Баерн Минхен.
Искусниот Германец на промоцијата ги шокира Баварците кога порача дека Манчестер Јунајтед е поголем клуб.
– Јунајтед е најголем клуб на светот и овој тим има квалитет за освојување титули. Колку што можам да видам Манчестер е попопуларен од Баерн ширум светот, рече Швајнштајгер и додаде дека е импресиониран од популарноста на „црвените ѓаволи“.
Тој бил пријатно изненаден за време на турнејата во Кина.
-Баерн е голем клуб, ама Јунајтед уште поголем. Кога бевме во Кина луѓето не познаваа, а Баерн не е толку популарен во Америка, истакна германскиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.