Ако сакате да вратите со иста мера и да се покажете во најдоброто светло, дознајте на кои женски особини ниеден маж не може да одолее.
1.Искреност
Вистинскиот маж ја почитува искрената жена. Во светот од лажни комплименти и љубомора, искреноста е вистинско освежување. За него не постои ништо подобро од жена која искрено ќе му одговори на прашањата.
2. Сочувствување
Мажите и жените потполно се различни и баш како што тие никогаш нема да сфатат како е да се биде во женска кожа, така ни ние не можеме да почувствуваме како е да се биде маж. Кога им е тешко и нешто ги мачи, на мажите многу им е важно да бидат ислушани од своите жени кои ќе се обидат да ги разберат.
3. Прифаќање
Сите ние имаме мани и доблести, така што никој не е совршен. Исто како и жените, така и мажите сакаат партнерка која ќе ги прифати какви што се. Од копање по минатото и обид за промена на веќе порасната и зрела личност, не излегува ништо добро.
4. Доверба
Ако тој докажал дека е личност од доверба, она што му значи на секој маж е да добие доверба од страна на својата девојка. Тоа му дава сила и сигурност.
5. Амбиција
Секој амбициозен маж ја сака истата особина и кај неговата избраница. Мажите ги доживуваат организираните и деловните жени многу привлечни.
6. Домаќински инстинкт
На вистинскиот маж не му треба домаќинка која не ја трга престилката од себе и секој ден готви и чисти, туку личност која во нивното љубовно гнездо ќе донесе топлина, интима и рамнотежа. Мажите го сакаат чувството на сигурност кое може да им го пружи само жената.
7. Поддршка
Иако се прават силни и самостојни, на мажите и тоа како им е потреба поддршка, односно личност која верува во нив. Ако жената на која и го дал срцето верува во него, тоа го прави подобар човек.
8. Приземна жена
Нема ништо поубаво од жена која се чувствува добро во своја кожа и на која не и се потребни материјални работи за да и се покаже љубов. Тоа му овозможува на мажот да го спушти својот штит, да се покаже во своето вистинско светло и да ви открие колку му значите, не со поклони туку со дела.
9. Девојка со свој став
Тој сака да имате свој став, а уште му е подраго кога цврсто стоите зад себе. На вистинскиот маж, оваа карактеристика му е мотивација да и самиот биде подобар.
10. Единствена
Мажите сакаат природни жени кои се претставуваат во вистинско светло. Тој ги обожава сите нејзини мани и доблести
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.