| четврток, 6 декември 2018 |

Новак:Одлуката на Киев да не купува руски гас, може да ја заостри ситуацијата

гас

Одлуката на Киев да престане да купува руски гас и да го складира енергентот во подземните резервоари може да биде обид за заострување на ситуацијата, соопшти министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

-Тоа што тие сега не го купуваат и не го складираат гасот, тоа не е прашање од економски карактер и не се однесува на цената. Тоа е прашање или на недостиг на пари или на намера  за заострување на ситуацијата – изјави Новак.

Тој истакна дека сега се создадени сите услови „Нафтогас на Украина“ да купи руски гас и да ги наполни подземните резервоари.

„Нафтогас“ соопшти дека од 1 јули запира со купување на гас од „Гаспром“ додека условите за испорака не бидат усогласени.

Коментирајќи го потегот на Киев, Новак изјави дека одлуката е политичка и дека нема основа за истата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top