| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр на прослава на Рамазан Бајрам во Ирак: Убиени се најмалку 20 луѓе

Во експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Хан Бани Сад се убиени најмалку дваесетина луѓе, имало и деца. Крвавиот инцидент се случил на пазар каде што го прославувале рамазанскиот Бајрам, објави локалната полиција.

Во овој терористички напад изведен во градот кој е оддалечен околу 30 километри од ирачката престолнина Багдад, има и најмалку 50 ранети.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, меѓутоа познато е дека сунитските џихадисти од Исламската држава, кои контролираа големи области од северен и западен Ирак, претходно изведуваа слични напади во етнички и конфесионално мешаната покраина Дијала, каде се наоѓа градот Хан Бани Сад.

По експлозијата разгневената маса почнала да ги уништува паркираните возила.

„Некои луѓе земаа сандаци за овошје и зеленчук за во нив да ги соберат деловите од разнесените детски тела“, изјави за AFP полицискиот началник Ахмед ал-Тани и додаде дека сцените на пазарот биле „грозоморни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top