Како што јави Ксинхуа, системот за управување на автомобилот од далечина е произведен во соработка со кинеската автомобилска компанија „Грејт Вол Мотор“. За време на тестирањето, автомобилот бил управуван со помош на специјален уред поставен на главата на човек, кој се наоѓал надвор од возилото.
Уредот за управување од далечина има 16 сензори, кои испраќат импулси од мозокот на „возачот“ до системот за управување со командите на автомобилот.
За време на тестирањето „возчот“ успеал со помош на моќта на мислите да го движи автомобилот напред-назад, а исто така и ги отворал и затворал неговите врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


