| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Туск: Европа беше близу до катастрофа за време на преговорите со Грција!

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск призна дека за време на преговорите за грчката криза за долгoт Европа “беше близу до катастрофа”, пренесе денеска агенција Ројтерс, пишува „Фактор“.

Туск сведочи дека за време на средбата во ноќта наспроти понеделникот канцеларката Ангела Меркел и премиерот Алексис Ципрас спореле по повод каква сума од приватизациниот фонд треба да биде вложена како капитал.

“За време на преговорите кон 7 часот наутро, кога Ципрас и Меркел побараа одмор, на мене ми се чинеше дека ризикот преговорите да пропаднат беше многу блиску … Во овој момент несогласувањата се однесуваа за 2,5 милијарди евра”, изјавил Туск во интервју за грчкиот весник “Катимерини”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top