| четврток, 6 декември 2018 |

Српски актер се обидел да ја спаси сестра си од пожар, лекарите се борат за неговиот живот

642232_pozar-u-stanu02rasfoto-vladimir-zivojinovic_f

Синоќа избил пожар во станот на познатиот српски актер Љубивое Тадиќ во Белград, во кој животот го загуби неговата сестра Маја (57), а обидувајќи се да ја спаси тој се здобил со изгореници од трет и втор степен, додека неговата мајка е тешко повредена и се наоѓа на Интензивното одделение.

642229_ljubivoje-tadic01rasfoto-privatna-arhiva_f

Според српски „Блиц“, актерот во станот живеел неколку години со своите мајка и сестра, а пожарот кој избил во три утрината се проширил од собата на сестра.

– Беше страшно, излегуваше чад од секаде, велат преплашените соседи кои додаваат дека телото на сестрата било целосно изгорено.

642231_pozar-u-stanu01rasfoto-vladimir-zivojinovic_f

Актерот се наоѓа на одделението за пластична хирургија со страшни изгореници, а лекарите прават се за него.

Соседите велат дека биле пријатно изненадени од брзината на пожарникарите кои спречиле да се рашири пожарот и во други станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top