| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ќе и испрати на Сирија уште 64 милиони евра хуманитарна помош

помош

Европската комисија соопшти денеска дека ќе обезбеди уште 64 милиони евра за хуманитарна помош на Сирија.

Средствата ќе се искористат за обезбедување лекарства, вода и храна. Комисијата наведува дека медицинските потреби во Сирија се зголемени во изминатите месеци.

Се посочува дека еден милион Сиријци имаат потреба за прием во болница. Во исто време, половината од сириските лекари ја напуштиле државата заради постојаните закани врз нивниот живот. Половина болници во Сирија се урнати или затворени.

Средствата се дел од вкупно 200 милиони евра помош предвидени во буџетот на ЕУ за оваа година за хуманитарни акции во Сирија. Од почетокот на кризата, ЕУ обезбедиле за Сирија помош од речиси четири милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top