Дебитантскиот филм на режисерот Даријан Пејовски „Три дена во септември“ премиерно треба да биде прикажан во септември на некој фестивал, најави Дарко Башевски, директор на Агенцијата за филм на Македонија.
– Познат е фестивалот на кој ќе биде прикажан филмот, но ние таа информација не ја откриваме, туку организаторот на фестивалот 15 дена пред почетокот ја соопштува таа информација. Филмот одлично помина на маркетот во Кан – рече Башевски.
Филмот е психолошки трилер, студија на два карактери што преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.
Главните локови, Јана и Марика, се запознаваат во воз и за необично кратко време се зближуваат. Одат заедно на село, во изолиран планински крај, кој крие случувања од минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомневањето за нивните вистински намери е сѐ посилно. Една по една, тајните се откриваат. Двете жени немаат друг излез освен да си помогнат секоја од нив да ја оствари својата вистинска цел.
Сценариото за филмот го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, сценограф Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, а шминката на Симона Ристевска. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуцент Валон Бајгора. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура