| четврток, 6 декември 2018 |

„Нови фосили“ доаѓа летово во Охрид

По повеќегодишна пауза, некогаш мошне популарната поп-група „Нови фосили“ ќе одржи концерт за македонските фанови, објави „Охрид 24“. Концертот е закажан за 26 август на летната сцена во Долни Сарај, во рамките на Интернационалната вечер на 22. издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“. Публиката ќе има можност, заедно со Сања Долежал, да ги испее најголемите хитови на оваа група: „За добра стара времена“, „Милена, генерацијо“, „Кошуља плава“ и многу други, како и новите нумери со кои Сања и Владимир Кочиш – Зец извесно време се присутни на топ-листите во земјите на поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top