Проектот „Скопски улични артисти и музичари“ летово се збогати и со настап на кукларот Валентин Георгиевски.
Валентин Георгиевски во саботата, веднаш по настапот на рок-бендот Chill Play од 20 часот, настапи на плоштадот „Македонија“, во близина на Градскиот трговски центар. Валентин со своите кукли-марионети веднаш ја привлече публиката и ги воодушеви присустните особено најмладите кои не можеа да го сокријат своето одушевување и се приклучија во перформансот заедно со куклите.
Овој петок, 17 јули, Валентин повторно ќе настапи со почеток во 21 часот, додека рок-свирките продолжуваат со настапите во петок блузерскиот бенд „Онија Блузерине“ и сабота Chill Play со својата енергична појава, со почеток од 20:00 часот на плоштад Македонија.
„Скоски улични музичари и артисти“ е проект во организација на Конгресниот центар „Александар Македонски“, под генерално покровителство на Град Скопје и има за цел да понуди едно богато музичко освежување на своите граѓани и забава под отворено небо за сите генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.