| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Галевски: Да не би­де­ме тас­ма­ни­ски ѓа­во­ли

Јас прет­по­чи­там да ја со­оп­штам сво­ја­та при­каз­на од ху­ма­ни­стич­ко, а не од бе­сти­јал­но и хеј­тер­ско гле­ди­ште. Не ја осу­ду­вам раз­лич­но­ста, са­мо се згро­зу­вам од ко­ли­чес­тво­то омра­за ме­ѓу лу­ѓе­то, осо­бе­но од тие што ги поз­на­вам и на не­кој на­чин ми се бли­ски, ве­ли Га­лев­ски, автор на „Ис­по­вед­ни фи­не­си“, ко­ја ја из­да­де „Или-или“

Не­о­дам­на, во из­да­ние на „Или-или“, из­ле­зе кни­га­та „Ис­по­вед­ни фи­не­си“ на Вла­тко Га­лев­ски. Кни­га­та со­др­жи вкуп­но 30 рас­ка­зи или, пак, ка­ко што ве­ли авто­рот во нас­ло­вот, фи­не­си, и се­ко­ја е уни­кат­на, лич­на, шар­мант­на, за­вод­ли­ва, су­ге­стив­на. Во по­го­во­рот на кни­га­та про­фе­со­рот Фе­рид Му­хиќ на­пи­ша де­ка кни­га­та спа­ѓа во онаа ху­ма­ни­стич­ки инс­пи­ри­ра­на и естет­ски афир­ми­ра­на ли­те­ра­ту­ра од ран­гот на Се­ро­јан, Се­лин­џер, Ефра­им Ки­шон, а ко­ја­што оди­гра ви­тал­на уло­га во са­мо­по­чи­ту­ва­ње це­ли ге­не­ра­ции.

Га­лев­ски е град­ски лик кој мно­гу­ми­на го пре­поз­на­ва­ат ка­ко но­ви­нар, филм­ски кри­ти­чар, во­ка­лист во окте­тот „Ма­ке­до­ни­ја“, по­тоа во­ка­лист во му­зич­ки­от про­ект „Окто­е­хос“. Тој бе­ше и уред­ник на ви­де­о­из­да­ни­ја­та на „Ма­ке­до­ни­ја филм“, уред­ник на филм­ска­та про­гра­ма и автор на еми­си­и­те „Си­не­ма“ и „Си­не­ма­ни­ја“ на те­ле­ви­зи­ја­та „А1“, про­ду­цент, ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја и ко­а­втор на му­зи­ка­та на фил­мот „Мак­ла­бас“, ед­на де­це­ни­ја бе­ше уред­ник за кул­ту­ра и умет­ност во ма­га­зи­нот „Фо­рум“, два­е­сет го­ди­ни автор и во­ди­тел на еми­си­ја­та „Слу­шај­те филм“, умет­нич­ки со­ра­бот­ник на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја за че­ти­ри кон­цер­ти на филм­ска му­зи­ка, член или пре­тсе­да­тел на не­кол­ку филм­ски фе­сти­вал­ски жи­ри­ја, автор на по­ве­ќе од 600 филм­ски ре­цен­зии…

Во под­нас­ло­вот на „Ис­по­вед­ни фи­не­си“ пи­шу­ва де­ка ста­ну­ва збор за уни­кат­ни, лич­ни, шар­мант­ни, за­вод­ли­ви, су­ге­стив­ни рас­ка­зи. Би се сог­ла­си­ла со си­те кон­ста­та­ции и би до­да­ла де­ка филм­ски­от и му­зич­ки кри­ти­чар Вла­тко Га­лев­ски, кул­ту­рен де­ец и но­ви­нар, на­пи­шал од­лич­но проз­но де­ло. Ка­кво е за­до­волс­тво­то на пи­шу­ва­чот ко­га сво­и­те искус­тва ќе ги спо­де­ли со не­поз­на­ти?

ГА­ЛЕВ­СКИ: Под­нас­ло­вот што го спом­ну­ва­те е мар­ке­тин­шка фло­ску­ла на из­да­ва­чи­те од „Или-или” кои има­ат слич­ни осо­би­ни, и шарм и за­вод­ли­вост… и про­фе­си­о­нал­ност. Ми го­ди, исто та­ка, и ва­ша­та оцен­ка. За­до­волс­тво­то, пак, од спо­де­лу­ва­ње­то на сво­јот све­тог­лед и со поз­на­ти­те и со не­поз­на­ти­те чи­та­те­ли е со­стој­ба на мен­тал­на и ду­хов­на ис­пол­не­тост ко­ја е ви­стин­ска­та дви­жеч­ка си­ла во ко­ја и да е про­фе­си­ја или актив­ност. „Ис­по­вед­ни фи­не­си” е соз­да­де­на од ед­но ин­тим­но из­во­ри­ште, од по­тре­ба­та и на­ви­ка­та за ко­му­ни­ка­ци­ја со лу­ѓе­то и при­ро­да­та и, ка­ко што ве­ли про­фе­со­рот Фе­рид Му­хиќ во пре­крас­ни­от по­го­вор на кни­га­та, … од по­тре­ба­та да се тор­пе­ди­ра пе­си­ми­стич­ка­та, ау­ти­стич­ка­та, де­пре­сив­на­та и али­е­ни­рач­ка пси­хо­за на ко­ја, по инер­ци­ја и ими­та­ци­ја, пос­лед­ни­ве де­це­нии ѝ под­лег­ну­ва­ат сè по­го­лем број лу­ѓе.

vlatko galevski1 (Custom)

Не ја осу­ду­вам раз­лич­но­ста, са­мо се згро­зу­вам од ко­ли­чес­тво­то омра­за ме­ѓу лу­ѓе­то

 

„Ис­по­вед­ни фи­не­си“ со­др­жи 30 кра­тки рас­ка­зи во кои на еден на­чин се пре­ба­ру­ва по се­ќа­ва­ње­то. Од ка­де таа уни­вер­зал­на по­тре­ба на чо­ве­кот да се на­вра­ќа на се­ќа­ва­ње­то?

ГА­ЛЕВ­СКИ: Во се­којд­нев­ни­от жи­вот лу­ѓе­то со по­дед­на­ква страст и воз­бу­да збо­ру­ва­ат и за уба­ви­те и за гр­ди­те стра­ни на на­ста­ни­те од сво­и­те се­ќа­ва­ња, и за но­во­ро­ден­че­то или свад­ба­та во се­мејс­тво­то, и за смрт­та на бли­ски или поз­нај­ни­ци. И за уба­во­то искус­тво од ри­бо­ло­вот на фин­ски­те езе­ра и ре­ки, но и за па­ни­ка­та во ави­о­нот при при­нуд­но сле­ту­ва­ње. Ни­ка­ко не мо­же­ме да из­бе­га­ме од тол­ку­ва­ње­то на ре­ал­но­ста, пи­шу­ва­ње­то е са­мо из­бор на кој на­чин ќе ја тол­ку­ва­ме или со­оп­шти­ме таа не­из­беж­на автен­тич­ност. Сво­и­те лич­ни гле­да­ња и по­ри­ви по­дед­на­кво лес­но мо­жам да ги пре­на­со­чам кон нив­на­та тем­на стра­на и си­гур­но е де­ка не­ма ни­ту грам од автен­тич­но­ста да изо­ста­не до­кол­ку збо­ру­вам не за се­ќа­ва­ња­та, ту­ку за из­ми­на­та­та не­де­ла или де­неш­ни­ов ден. Мо­јот „кни­же­вен оп­ти­ми­зам” мо­же­би е при­лич­но од­во­ен од нес­нос­на­та реа на по­ли­ти­кант­ска­та на­ра­зе­ност, ко­га мо­и­те со­гра­ѓа­ни на си­те драз­би ре­а­ги­ра­ат ка­ко тас­ма­ни­ски ѓа­во­ли, ка­ко на­па­ле­ни ман­дри­ли… па не­ка! Јас прет­по­чи­там да ја со­оп­штам сво­ја­та при­каз­на од ху­ма­ни­стич­ко, а не од бе­сти­јал­но и хеј­тер­ско гле­ди­ште. Не ја осу­ду­вам раз­лич­но­ста, са­мо се згро­зу­вам од ко­ли­чес­тво­то омра­за ме­ѓу лу­ѓе­то, осо­бе­но од тие што ги поз­на­вам и на не­кој на­чин ми се бли­ски. На­вра­ќа­ње­то на се­ќа­ва­ња­та за ме­не (а би са­кал и на чи­та­те­ли­те) не е бег­ство од су­ро­ва­та ре­ал­ност на Ма­ке­до­не­цот, ту­ку по­тре­ба да соз­да­де­ме од­но­си на до­вер­ба, по­чи­ту­ва­ње и до­сто­инс­тво. Осо­бе­но до­сто­инс­тво!

Пи­шу­ва­те за Ва­ши­те стра­сти – фил­мот, ри­бо­ло­вот, ви­но­то, му­зи­ка­та. Дел од чи­та­те­ли­те ги пре­поз­на­ва­ат ли­ко­ви­те, ме­ста­та кои ги опи­шу­ва­те во рас­ка­зи­те. Лич­но е, а, се­пак, не е па­те­тич­но. Да­ли ма­ке­дон­ски­те авто­ри во­оп­што (филм, му­зи­ка, ли­те­ра­ту­ра) мо­жат да се од­во­јат од лич­но­то, да го над­ми­нат, за да на­пра­ват до­бар филм или до­бра му­зи­ка или да на­пи­шат до­бра кни­га?

ГА­ЛЕВ­СКИ: Мо­и­те стра­сти се мо­јот мо­дус ви­вен­ди. Во „Ис­по­вед­ни фи­не­си” пи­шу­вам за не­шта и не­кои кои ме­не ми зна­чат, и прет­по­ста­ву­вам де­ка мно­гу­ми­на во рас­ка­зи­те ќе ги пре­поз­на­ат и сво­и­те лич­ни при­каз­ни и стра­сти. На тој на­чин ќе се опре­де­лат за са­мо­по­чит и вер­ба во ви­стин­ски­те вред­но­сти и, се раз­би­ра, вер­ба во лу­ѓе­то.

За жал, син­дро­мот на Ма­ке­дон­ци­те се све­ду­ва на тоа што сè што пра­ви­ме за над­вор е су­пер, а за до­ма – ка­та­стро­фа!? И до­те­рав­ме до со­стој­ба ко­га за­вид­ли­во­ста и љу­бо­мо­ра­та се пре­сто­ри­ја во ми­зан­тро­пи­ја. Имам де­се­ти­ци при­ме­ри на до­маш­ни авто­ри од об­ла­ста на фил­мот (филм­ски, ре­жи­се­ри) или му­зи­ка­та или кни­жев­но­ста кои за сво­и­те ко­ле­ги збо­ру­ва­ат по­грд­но и ома­ло­ва­жу­вач­ки. Отсус­тво на еле­мен­тар­на кон­стру­ктив­ност во нив­ни­те его­и­стич­ки и иде­о­ло­ги­зи­ра­ни по­ри­ви за кул­тур­на су­пре­ма­ти­ја. Но, тоа е ве­ќе пра­ша­ње и на ло­шо вос­пи­ту­ва­ње.

Ина­ку, лич­но­то во тво­реш­тво­то не е ни­ка­ков хен­ди­кеп, на­про­тив. За сре­ќа, и по­крај неб­ла­го­при­јат­ни­те оп­штес­тве­ни со­стој­би и ур­ни­са­ни­от диг­ни­тет на по­е­ди­не­цот, во спом­на­ти­те об­ла­сти се по­ја­ву­ва­ат мла­ди, сил­ни ин­ди­ви­ду­ал­ци кои има­ат сопс­твен став, кои ќе тво­рат спо­ред сопс­тве­ни­от ка­па­ци­тет на та­лен­тот, кои ќе зна­ат да се кло­нат од по­да­ниш­тво­то и ли­це­мерс­тво­то.

vlatko galevski2 (Custom)

Шун­дот и не­вку­сот се до­стој­ни за бор­ба

 

Со го­ди­ни упор­но и мно­гу не­на­мет­ли­во се бо­ри­те про­тив шун­дот и ки­чот. Два­е­сет го­ди­ни сте автор и во­ди­тел на „Слу­шај­те филм“, де­сет го­ди­ни бе­вте уред­ник за кул­ту­ра и умет­ност во ма­га­зи­нот Фо­рум, 20 го­ди­ни член на октет „Ма­ке­до­ни­ја“… Не се умо­ру­ва­те од бор­ба­та?

ГА­ЛЕВ­СКИ: Умо­рот на­ста­пу­ва во не­до­стиг на вол­ја. Си­те мои актив­но­сти се теж­не­ние да дој­дам до ре­зул­та­ти од кои ќе би­дам за­до­во­лен, зад кои ќе го ста­вам сво­јот пот­пис, а по­врат­ни­те одг­ла­си за мо­јот труд ќе ми ка­жат де­ка сум на­пра­вил не­што и за ту­ѓо за­до­волс­тво. Мо­жам да ка­жам де­ка ра­ди­о­е­ми­си­ја­та „Слу­шај­те филм”, ко­ја се еми­ту­ва на „Ме­тро­по­лис“, е мо­јот жи­во­тен про­ект. Тоа што не­што оп­сто­ју­ва 20 го­ди­ни со 1000 дво­ча­сов­ни еми­сии од об­ла­ста на филм­ска­та му­зи­ка са­мо ми по­твр­ду­ва де­ка сум на­шол ори­ги­на­лен и ус­пе­шен ре­цепт за ра­ди­ски­от ме­ди­ум. Окте­тот оста­на ка­ко трај­на вред­ност во об­ла­ста на ста­ро­град­ска­та, ре­не­санс­на­та и евер­грин ин­тер­пре­та­ци­ја, ед­но фан­та­стич­но дру­га­ру­ва­ње и не­за­бо­рав­ни жи­ви на­ста­пи по европ­ски­те по­ди­у­ми. Филм­ска­та кри­ти­ка, ра­бо­та­та во „Фо­рум”, филм­ски­те фе­сти­ва­ли, со­ра­бо­тка­та со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, ра­бо­те­ње­то во „Ма­ке­до­ни­ја филм“ и во те­ле­ви­зи­ја „А1“, се­то тоа прет­ста­ву­ва­ше кон­ти­ну­и­ра­на над­град­ба, изо­стру­ва­ње на кри­те­ри­у­ми­те, се­ле­ктив­ност и во крај­на ли­ни­ја – са­ти­сфак­ци­ја.

А што се од­не­су­ва до шун­дот и не­вку­сот, тие се до­стој­ни за бор­ба, сил­ни про­тив­ни­ци, ме­ди­ум­ски фран­кен­штај­ни кои нај­че­сто се фа­бри­ку­ва­ни од цен­три­те на моќ, ток­му од оние кои тре­ба да нè од­бра­нат од нив. Се­пак, мис­лам де­ка би­тка­та со нив не е за­луд­на. Суб­вер­зив­но­ста е на­чи­нот на во­ју­ва­ње. Суб­вер­зи­ја­та сфа­те­на ка­ко кул­тур­на раз­ор­ност. Ка­ко бор­ба про­тив сер­вил­но­ста ко­ја ги по­ра­зу­ва ду­хот и кре­а­ци­ја­та. За­тоа мо­ја­та „бор­ба” не е са­мо про­тив не­вку­сот и ки­чот, мо­е­то ору­дие е збо­ров­ни­от про­тест и про­тив ме­ди­о­кри­те­тот и про­тив по­ли­тич­ко­то ма­ни­пу­лант­ство и про­тив про­вин­ци­ја­лиз­мот кој ста­на офи­ци­јал­на оп­штес­тве­на аген­да во Ма­ке­до­ни­ја.

 Де­но­ви­ве има­вте убав ан­гаж­ман око­лу пр­ви­от фе­сти­вал на му­зич­ки до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви „Скоп­је си­не­ма си­ти“. Убав на­стан во Скоп­је во кој се спо­е­ни му­зи­ка­та и фил­мот, ва­ши­те љу­бо­ви. Ка­ко по­ми­на­вте на фе­сти­ва­лот?

ГА­ЛЕВ­СКИ: Од ор­га­ни­за­то­рот на фе­сти­ва­лот до­бив по­ка­на да одр­жам ра­бо­тил­ни­ца и де­ба­та на те­ма по мој из­бор. Се опре­де­лив за те­ма­та „Ми­ни­ма­лиз­мот во филм­ска­та му­зи­ка”. Имав пре­крас­на де­ветч­ле­на пуб­ли­ка и со­го­вор­ни­ци со кои се дру­жев­ме ре­чи­си два ча­са. Очиг­лед­но не ни би­ло здо­дев­но.

Ка­ко ќе го по­ми­не­те ле­то­то? До ка­де е ма­те­ри­ја­лот за но­ва­та кни­га ко­ја тре­ба да со­др­жи ре­цен­зи­ја на си­те ма­ке­дон­ски игра­ни фил­мо­ви, од „Фро­си­на“ па до де­нес?

ГА­ЛЕВ­СКИ: На бре­го­ви­те на Црн Дрим, во ка­фу­ле­то „Си­не­ма” во Стру­га, со ќер­ка ми Ива и со си­нот Мар­тин, со при­ја­те­ли­те, и со стру­шка про­мо­ци­ја на „Ис­по­вед­ни фи­не­си” (се на­де­вам) за­што дел од рас­ка­зи­те не­по­сред­но се вр­за­ни за Стру­га. Во си­те ком­би­на­ции ри­би­те се не­из­беж­ни, ка­ко на ја­ди­ца та­ка и на тр­пе­за. Со но­ва­та кни­га ќе се за­ни­ма­вам во ме­ѓу­вре­ме.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top