| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши „Синедејс“, почнува „Синемаратон“

Синоќа заврши 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“, а денеска во џебното кино на Младински културен центар (МКЦ) почна „Синемаратон“ кој ќе трае до 29 ноември.

Секој ден ќе се емитуваат по седум филма, односно на „Синемаратон“ ќе бидат прикажани 70 филма. Секој ден ќе се емитува по еден жанр, а маратонот почнува во 9 часот наутро. Следните проекции се во 12, 15, 18, 21, 23 и 01 часот.

Маратонот почнува денеска со прикажување на вестерн – филмови, а потоа следат филмови во следните жанрови: драми романски, крими трилери, фантастика, еротика, контроверзни, арт, акција, хорори и комедии.

Изборот на филмови го направи Влатко Галевски.

– Маратонот е атлетска дисциплина на издржливост на долга патека. Филмскиот маратон е само делумно дисциплина на издржливност во гледање филмови. На филмскиот маратон ’трчате’ кога вам ви одговара, вие ги избирате филмските патеки, го избирате и времето во кое ќе ’истрчате’, можете да ’трчате’ два часа, цел ден или сите десет дена. Филмскиот маратон не е ниту фестивал, ниту филмска ревија. Тоа е конструкција сочинета од филмски јазици, стилови, иновации, технологии и арт вредности. Обид за филмска архитектура на цело едно столетие – вели Галевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top