| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед не се откажува од Рамос, сака да го направи најскап одбранбен фудбалер во светот

Најтрофејниот англиски тим, Манчестер јунајтед не се откажува од ангажирањето на Серхио Рамос од редовите на Реал Мадрид.
Шпанскиот репрезентативец по несогласувањата со управата на „кралевите“ изрази желба да се пресели на „Олд трафорд“ и со тоа да атакува на шампионската титула во Премиерлигата.
Реал Мадрид ја одби понудата вредна 45 милиони евра, но Манчестер јунајтед не се откажува од намерата да го доведе одличниот дефанзивец во своите редови.

Управата на Манчестер јунајтед веќе подготвува нова понуда, во висина од 60 милиони евра, која воедно ќе биде и последна во обидите да се стигне до Рамос. Истата ќе биде испратена најдоцна до почетокот на следната седмица, со напомена дека Реал ќе има седум дена да одговори дали Серхио Рамос ќе може да се пресели на „островот“. Тоа би бил најскап трансфер во историјата на фудбалот кога се работи за одбранбен фудбалер. Најголемата сума која е исплатена за фудбалер од одбраната е таа на ПСЖ, кој исплати неверојатни 50 милиони евра за Давид Луис од редовите на Челси.

Доколку не добијат зелено светло, „ѓаволите“ целосно ќе го насочат вниманието кон Николас Отаменди, кој веќе најави дека е подготвен да штрајкува во Валенсија за да му биде дозволено да си замине од „Месталја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top