Најавата дека норвешката влада ќе биде покровител на отворената изложба на предмети во сопственост на монструмот Андрес Брејвик кој уби 77 луѓе на островот Утоја, од кои 69 деца, крена голема прашина во оваа скандинавска земја. Истиот ден кога треба да се одржи изложбата, 22 јули, на местото на злосторството ќе биде подигнат споменик на жртвите од овој масакр.
На изложбата која ќе биде организирана во делот од Осло каде што се сместени министерствата, ќе бидат прикажани делови од автомобилите кои Брејвик ги разнесе, како и униформи и лажна лична карта кои му послужиле да се претстави како полицаец.
– Музеј на Брејвик во владиниот комплекс? Не благодарам! Подобро испратете ги тие предмети во Музејот на криминал во Трондхајм, порача преку Твитер, еден адвокатите на семејствата на жртвите.
Член на норвешката партија на зелените пак, ја предупреди владата на опасност нејзиниот „центар за информации“ да не се претвори во место за поклонение на екстремните десничари.
Брејвик на 22 јули 2011 година подметна бомба пред седиштето на владата во Осло убивајќи осум луѓе, а потоа ладнокрвно уби 69 младинци, членови на подмладокот на Лабуристичката партија, кои биле на излет на островот Утоја.
Во моментот одлежува 21 годишна затворска казна која може да биде продолжена се додека судот цени дека претставува опасност за општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка