| четврток, 6 декември 2018 |

Норвежаните бесни: Владата во Осло покровител на изложба за Брејвик

268575_brejvik-06-afp_fНајавата дека норвешката влада ќе биде покровител на отворената изложба на предмети во сопственост на монструмот Андрес Брејвик кој уби 77 луѓе на островот Утоја, од кои 69 деца, крена голема прашина во оваа скандинавска земја. Истиот ден кога треба да се одржи изложбата, 22 јули, на местото на злосторството ќе биде подигнат споменик на жртвите од овој масакр.

На изложбата која ќе биде организирана во делот од Осло каде што се сместени министерствата, ќе бидат прикажани делови од автомобилите кои Брејвик ги разнесе, како и униформи и лажна лична карта кои му послужиле да се претстави како полицаец.

– Музеј на Брејвик во владиниот комплекс? Не благодарам! Подобро испратете ги тие предмети во Музејот на криминал во Трондхајм, порача преку Твитер, еден адвокатите на семејствата на жртвите.

Член на норвешката партија на зелените пак, ја предупреди владата на опасност нејзиниот „центар за информации“ да не се претвори во место за поклонение на екстремните десничари.

Брејвик на 22 јули 2011 година подметна бомба пред седиштето на владата во Осло убивајќи осум луѓе, а потоа ладнокрвно уби 69 младинци, членови на подмладокот на Лабуристичката партија, кои биле на излет на островот Утоја.

Во моментот одлежува 21 годишна затворска казна која може да биде продолжена се додека судот цени дека претставува опасност за општеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top