Шеснаесетмина конгресмени бараат од државниот секретар на САД Џон Кери да се заложи за прием на Македонија во НАТО.
Конгресмените Бил Паскрел, демократ од Њу Џерси и Кендис Милер, републиканка од Мичиген ја предводат иницијатива за испраќање писмо од конгресмените до Кери, во кое се бара заложба од Стејт департмент за членство на Македонија во НАТО, информира Обединетата македонска дијаспора.
-За време на 24-те години како независна држава, Македонија има воспоставено силно партнерство со САД и НАТО. Македонија има преземено значајни реформи и до 2008 година ги имаше исполнето сите услови кои се неопходни за прием во Алијансата. Но, и покрај тоа, Македонија не беше поканета да се приклучи кон НАТО, иако за тоа доби значајна поддршка од 27 од вкупно 28 членки на Алијансата. Со учеството во НАТО мисиите во Косово и Авганистан, како и во мисијата на САД во Ирак, Македонија многу пати има докажано дека е сојузник на САД, пишува во писмото од конгресмените.
Потенцирајќи оти Македонија се соочува со чувствителни проблеми, конгресмените сметаат дека сега е вистинскиот момент да се најде решение, бидејќи влошувањето на состојбата во Македонија може да се припише на наглиот прекин на процесот за прием на Македонија во НАТО.
-Веруваме дека враќањето на вербата, дека постои искрена и вистинска можност за прием на Македонија во НАТО ќе придонесе за зајакнување на демократските институции и вредности во оваа држава и ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста во регионот, што е во полза на соседните држави на Македонија, му се укажува на Кери.
Конгресмените во писмото изразуваат загриженост за зголеменото руското влијание во регионот и повикуваат на зајакнато присуство на САД во Македонија, пред дополнително влошување на ситуацијата.
Воедно во писмото, се бара државниот секретар Кери да ја посети Македонија, што ќе биде силен индикатор за поддршката од страна на САД.
Неодамна конгресната група пријатели на Македонија се зголеми на 24 члена, најмногу досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток



