| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на отворање на КСС во Кичево – инвестиција од 20 милиони евра и 800 работни места

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на свеченоста по повод реализација на инвестицискиот проект за изградба на фабрика на американската компанија „Ки сејфти системс“ во технолошко–индустриската развојна зона Кичево, локалитет село Србјани.

Colleferro-Kss-1-600x330

Во производствениот капацитет во кој ќе се произведуваат воздушни перничиња за автомобили е најавена инвестиција од 20 милиони евра и 800 работни места.

„Ки сејфти системс“ е светски лидер во дизајн и производство на автомобилски сигурносни системи. Нивните производи се дел од повеќе од 300 модели автомобили.

Компанијата има меѓународна мрежа од 29 продажни и производствени капацитети и 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top