| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Борис Стрел

Борис Стрел, еден од најдобрите аплски скијачи во поранешна Југославија, е пронајден мртов. Нема траги дека се работи за насилна смрт, соопшти словенечката полиција.

Стрел е првиот скијач во југословснеската историја што освоил медал на Светско првенство откако се закити со бронза во Шладминг во 1982 година. Пет години претходно стана јуниорски европски првак во велеслалом, а првата победа во светскиот куп ја прокнижи во Кортина Дампецо во 1981 година.

Стрел почина на 53-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top