Дваесет и седумгодишната српска тенисерка наскоро ќе се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, но неговите земјаци не ја сакаат неговата избраничка. За Германците Ана Ивановиќ лошо влијае врз Швајни.
Германски „Билд“ ја споредува тенисерката со поранешната девојка на фудбалерот, манекенката Сара Бранднер.
– Пред една година во Рио де Жанеиро, финале на Светскиот куп. Бастијан со раскрвавено лице. Таа ноќ беше херој на Германија, а од трибините му мавташе неговата девојка Сара Бранднер. Точно година дена подоцна, во неговиот живот сѐ се промени, пишува „Блид“.
Германците се разочарани што „под влијание на новата љубов“, Шванштајгер одлучи да заврши со Баерн и да замине во Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.