Закажувал прегледи кај специјалисти но не се појавувал во болница. Пациент од внатрешноста само годинава дури 17 пати го злоупотребил МојТермин.
За шест месеци 125.614 пациенти не се појавиле на најмалку еден закажан преглед.
–Неоткажувањето на термините сериозно го оптоварува здравствениот систем и е еден од најголемите фактори за вештачки голема листа на чекање. Анализата на податоците од системот МојТермин даваат јасна претстава за причините за зголемените листи на чекање. Анализата покажа дека за специјалноста ортопедија во Тетово пациентите чекаат 21 ден за преглед, а доколку се искористеле вкупно 1.215 термини на кои пациентите не се појавиле, тогаш пациентите нема да чекаат за преглед подолго од 4 дена. Тоа би било намалување на времето за чекање за преглед за повеќе од 5 пати – изјави Никола Тодоров министер за здравство.
На ниво на јавни здравствени установи, најмногу пациенти или околу 3000 не се појавиле на закажат преглед на трансфузиологија. Околу 2000 не биле на Кардиологија а 1900 не се појавиле во Клиничката болница Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На еден откриен пациент со алергија на глутен, има седум неоткриени
-
Ќе се надградува „Мој термин“, докторите ќе имаат повеќе време за пациентите
-
Со 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“
-
Го донеле на Ургентен, лекарите не смееле да му го спасат животот поради оваа тетоважа