Во Грција синдикатите повикаа од утре да се одржи 24 часовен генерален штрајк. Повикот доаѓа од професионалниот синдикат на државните службеници во Грција „Адеди“, а е закажан за в среда бидејќи тогаш парламентот треба да гласа за прифаќање на реформите, неопходни за добивање на неопходната помош од страна на еврозоната, јави AFP.
Тоа ќе биде првиот штрајк што ќе се случи за време на владеењето на премиерот Алексис Ципрас. Пред да дојде на власт, партијата Сириза, со која управува токму Ципрас, учествуваше во сите штрајкови и протести насочени против политиката на буџетски ограничувања од 2010 до 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.