| четврток, 6 декември 2018 |

Франсоа Оланд: Грција не беше понижена

оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд за време на традиционалното 14-јулско интервју оцени дека „Грција не била понижена“ со договорот постигнат во Брисел за нејзиниот долг, јави дописникот на МИА од Париз.

– Нема да прифатам еден народ биде понижен- потенцира францускиот претседател.

– Понижување ќе беше ако ја избркавме од евро зоната. Европа е направана за да секоја нација биде посилна – додаде тој.

Понатаму, Оланд, оцени дека во грчката криза Франција ја играше својата улога за да придонесе Грција да остане во еврозоната, одбивајќи да кажде дека „Париз победи, наспроти Берлин“.

– Не велам дека Франција победи, бидејќи тоа не е во согласност со идејата која ја имам. Европа е таа која победи и Франција ја зазеде својата позиција и ја играше целосно нејизната улога – изјави шефот на француската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top