Вработените во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денеска доброволно даруваа крв во рамките на петтата акција што претпладнево се одржа во просториите на Министерството.
Како што се наведува во соопштението од МНР, оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што Министерството ја има со Институтот за трансфузиона медицина. Според предвидената динамика, вработените во Министерството два пати годишно организираат акции за собирање на драгоцени крвни единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.