| четврток, 6 декември 2018 |

Две експлозии во складиште за нафта кај Марсеј

екс

Две експлозии одекнаа денеска во складиште за нафта во француската префектура Устието на Рона во јужниот дел на земјата, на десет километри од аеродромот во Марсеј.

Резервоари, од кои едниот полн со бензин, а другиот со нафта, на 500 метри оддалеченост еден од друг експлодирале и густ отровен чад се крева во воздухот и е видлив на околу 1,5 километри од местото на експлозијата.

На местото на несреќата веднаш се испратени околу 120 пожарникари, изјави извор близок до истрагата.

Експлозија се случила рано изутрината во складиштето на мултинационалната хемиска компанија „Лионел Басел“, која работи на пет континенти и вработува околу 11 илјади лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top