По укинувањето на забраната поради непочитување на финанскиот ферплеј, англискиот вицешампион Манчестер Сити тргна во офанзива за засилување на своите редови.
По комплетирањето на транферот на Рахим Стерлинг од Ливерпул кој се очекува да биде официјализиран во следните 24 часа, челниците на „граѓаните“ ќе отпочнат преговори за ангажирање на најдобриот играч на Волфсбург, Кевин Де Брујин.
Белгискиот интернационалец веќе настапуваше во Премиер лигата во редовите на Челси, но не се снајде најдобро и мораше да биде продаден во Германија. Тој е на листата на желби на Манчестер Сити уште од самиот почеток на преодниот рок, но приоритет беше потписот на Стрелинг.
По ова Сити ќе се обиде и да го доведе Де Брујин, а сумата која се спомнува е околу 40 милиони евра. Волфсбург најави дека нема намера да го продаде својот најдобар играч, но за очекување е клубот од Манчестер да не се откаже така лесно и да сумата да достигне и 50 милиони евра, пари за кои германскиот клуб дефинитивно добро ќе размисли дали е во ситуација да ги одбие.
За очекување е Манчестер сити во следниот период да го напуштат двајцата напаѓачи, Един Џеко во Рома и Стеван Јоветиќ, кој би требало својата кариера да ја продолжи во дресот на Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“