| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО го поздрави договорот на Грција со лидерите на ЕУ

НАТО денеска го поздрави договорот програма за помош меѓу „верниот сојузник“ Грција и лидерите на Европската унија, истакнувајќи оти грчката економска стабилност има витално значење и за безбедноста на другите земји-членки на Алијансата.

– Го поздравувам договорот, бидејќи мислам дека е важен за грчката економија но и за Европа во целост и за НАТО. Стабилноста, економскиот напредок (на Грција) е важен од многу причини, но секако е важен и за безбедноста на сите наши земји, посочи генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг во Словенија.

Тој посочи дека Грција неколку години издвојува повеќе од два отсто од бруто домашниот производ за одбраната.

– Грција и во иднина ќе инвестира во одбраната, наведе Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top