| четврток, 6 декември 2018 |

Во јагнешко кари имало месо од мачки и кучиња

Во готовото јадење-јагнешко кари, во кое би требало да има само јагнешко месо се откриени траги и на други видови месо, објави британските медиуми

Во готовото јадење, јагнешко кари, во кое би требало да има само јагнешко месо се откриени траги и на други видови месо, објавија британските медиуми.

Јагнешкото кари е едно од многуте јадења што ги приготвува прехранебната индустрија, а се нудат преку супермаркетите и трговската мрежа кои масовно се користат затоа што може за неколку минути загревање веднаш да се конзумираат.  Според весникот „Дејли мирор“, во карито имало месо од мачки и од кучиња.

Засега нема потврда од британските агенции за контрола на храната.

Нема никакви коментари за тоа дали „месните додатоци“ што се откриени во ова јадење, а не се јагнешко месо, може да бидат неповолни или штетни за луѓето. „Дејли мирор“ тврди дека примероци од вака приготвени јадења со кари се пронајдени во Лондон.

meso

– Ова е застрашувачки бидејќи ако не е ниту едно месо што го препознаваме, што е тогаш? Од каде е увезено? Каде е животното заклано? Дали е месото воопштп хигиенски исправно, наведува британскиот нутриционист, Сариндер Пул во изјава за Би-Би-Си.

Освен тоа, откриено е дека јадење кое се продава како говедско, главно содржело пилешко и крв, а во плескавици воопшто немало говедско. Тие наводи се дел од документарна емисија емитувана на „Би-Би-Си 3“, што предизвика општо негодување во јавноста.

Коњско месо, како што беше претходно објавено, се продавало наместо говедско. Меѓу останатото и во синџири за брза храна како што е „Бургер кинг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top