| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Договорот со Грција ќе и дозволи да остане во еврозоната

Договорот на средбата на високо ниво на еврозоната ќе обезбеди Грција да остане во монетарната унија при услови – да ги почитува правилата на Европската унија, изјави францускиот  претседател Франсоа Оланд.

– Европските лидери успеаја да ја постигнат главната цел на преговорите – да го зачуваат единството и солидарноста на еврозоната, нагласи Оланд.

Тој додаде дека друга цел била да им се даде надеж на Грција и на грчкиот народ.

Оланд го поздрави „историскиот договор“ на ЕУ и „смелиот избор на грчкиот премиер Алексис Ципрас“. Францускиот парламент ќе гласа в среда за договорот со Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top