Најмалку две лица починаа, а уште 769 се хоспитализирани денеска во Јапонија поради топлотен удар, јави ТАСС, повикувајќи се на јапонската државна телевизија Ен-Ејџ-Кеј.
Најмногу погодени има во соседната на Токио префектура Сајтама, каде во болница се пренесени 75 лица.
Јапонија веќе втор ден по ред е зафатена од висок топлотен бран. На голем број места температурата надминуваше 30 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.