| четврток, 6 декември 2018 |

Нови жртви на фризерката

izmama stanovi

Нови четири жртви, пријатели на фризерката Б.Д. и семејства на хендикепирани лица, пријавиле вчера и денеска во полиција дека биле измамени во аферата со продажба на непостојни станови, објави „Канал 5“.
Според информациите на МВР, пренесува телевизијата, тројца од нив дале по 15.000 евра, а еден 10.000 евра за станови кои никогаш не ги виделе.

Бројката на измамени граѓани расте од ден на ден, а вчера адвокатот на фризерката изјави дека очекува бројка да порасне и до 50.
МВР денеска прави проверки чии се сметките во Струга и во Охрид на кои биле префрлени 146.000 евра, односно 40.000 на втората, и за која намена.

Од обвинителството велат се испитува каков имот поседува Дончевска, а потоа се очекува да бараат замрзнување на имотот, што е основа за обесштетување на измамените во зависност од исходот на кривичната постапка. Досега се запленети три автомобили.
Истрагата во кривичниот суд, која првично се водеше за 13 оштетени, од денеска се проширува за нови 20 измамени, односно сите што досега пријавиле дека останале и без пари и без станови, информира „Канал 5“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top