| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско повика луѓето да не веруваат на идеологии, бидејќи тие секогаш водат кон диктатура

папа
Папата Франциско за време на посетата на Парагвај ги повика луѓето да не веруваат во идеологии, бидејќи тие секогаш водат кон диктатури.- Идеологиите завршуваат лошо. Погледнете што се случи со идеологиите од минатиот век, се претворија во диктатури, изјави папата во главниот града на Парагвај Асунсион.

Папата ги повика претприемачите, политичарите и економистите да не подлегнуваат на идеолошки економски модел, што принесува за жртва човечки животи во името на парите, додавајќи дека економскиот развој треба да има човечки облик.

– Јасно е дека за една држава економскиот раст и создавањето на богатство се неопходни нешта. Сепак, тие треба да стигнат до сите граѓани без исклучок и не во корст на некое малцинство- изјави Папата Франциско пред насобраните луѓе.

Според папата корупцијата е гангрена на народот, зло од кое страда 7-милионското население на Парагвај.

Парагвај е трета и последна земја на јужнокорејската турнеја на Папата Франциско, кој претходно ги посети Еквадор и Боливија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top